Време

Сончево и топло со температури до 37 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе