Време

Сончево и топло, попладне услови за краткотраен пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Попладне и вечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе