Време

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд

Прогнозата за времето во Македонија за денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 25 , Охрид 29, Битола 32, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 35, Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе