Време

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 25, Битола 26, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе