Во Скопје дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 25, Битола 26, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 30, Дојран 32.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.