Време

Сончево и малку потопло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен дожд кој понекаде може да замрзнува и кој во повисоките делови ќе биде од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 8 степени. Маврово 2, Охрид, Битола и Берово 5, Крива Паланка 6, Кавадарци 7, Дојран 12.

Кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе