Како што алармираат од Центарот за визуелна уметност „Визант“ и планинарите од друштвото „Јане Сандански“, случајните намерници, рекреативци и туристи се згрозени од глетката на патот кон крстот среде Античката населба Варош.
Дрвената куќарка - видиковец, која беше поставена од Општина Прилеп, е уништена со секира и потпалена, исечена на мали парчиња за „потпалување“, а уништена е и долната табла, како и туристичкиот пункт кој е темелно демолиран со искршени прпозорци и однесени врати“, велат од „Визант“ и изразуваат сомнеж кои би можеле да бидат сторителите.
Преку соопштението се бара МВР да се ангажира и да ги најде виновницитге, а не да велат „нив закон не ги фаќа и посочуваат дека на удар на вандали се и други вредности, па дури и карпи кои се носат за да се користат како градежен материјал за изградба на викендички.