Кампања

Со препознавање на лажните вести и споделување љубов против говорот на омразата

Говорот на омразата се шири особено преку социјалните мрежи и е неопходна борба во која треба да се вклучи секој поединец, е една од пораките на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!". Розите како симбол на љубовта и хармонијата беа главна тема на оваа активност која на едно место ги собра младите активисти, Младите европски амбасадори, дел од Амбасадорите против говор на омраза и поддржувачите на кампањата.

Денис Јанкуловски, медицински работник, добитник на наградата „Европеец на годината" за 2021 година и Амбасадор против говор на омраза, смета дека говорот на омраза последниве години, за жал, зема сè поголем замав, премногу лоши зборови излегуваат на површина.

„Тој говор е застапен речиси во секоја тема, насекаде. Невнимателно избраните зборови и тоа како знаат да влијаат врз оние кон кого се насочени, дури и неверојатно е дека постојат такви зборови. Затоа ние мора секојдневно да бидеме што погласни во препознавањето, осудувањето и потиснувањето на овој говор и нашиот глас да биде слушнат. Треба да укажуваме дека многу поубаво секој ќе се чувствува кога говорот ќе му биде исполнет со убавини, со пријатни зборови, со почит кон секого, без разлика што не се согласуваме во некои ставови и размислувања“, истакна Јанкуловски.

Лејла Дервишагиќ, раководителка за оперативно работење на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје истакна дека преку оваа кампања посакуваат да бидат поблиску до граѓаните и да ја испратат пораката дека љубовта е алтернатива на омразата.

„Сите можеме да се бориме против говор на омраза преку споделување на нашите заеднички европски вредности како толеранција, почит кон останатите, љубов и посветеност кон тоа да живееме во општество без омраза“, вели Дервишагиќ.

Кампањата за подигање на свеста „Блокирај ја омразата; Сподели ја љубовта", се спроведува во земјава од декември 2021 година, а е проширена и „онлајн" преку веб-страницата и каналите на социјалните медиуми, како и преку разни отворени јавни настани. Кампањата вклучува истакнати јавни личности, институции и реномирани активисти за човекови права, кои промовираат разлноликост и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.

Кампањата е дел од проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија", во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе