Да се исполни желбата на едно дете

Со парични средства од хуманитарен концерт ќе се купува инвалидска количка за 13-годишниот Панче со аутизам

Хуманитарен концерт за помош на 13-годишно момче кое боледува од синдром дришение и одреден степен на аутизам се организира во петок (20 мај ) во театар Комедија од 19.00 до 21,30 часот. Цената на билетот е 100 денари, а парите ќе се искористат за да се набави инвалидска количка за Панче. Настанот е во организација на Црвениот крст на општинската организација од Кисела Вода.

„Собраните парични средства од активноста ќе бидат наменети за помош и поддршка на самохрана мајка и нејзиниот 13 годишен син Панче, кој боледува од синдром дришение и одреден степен на аутизам. За неговото нормално функционирање во секојдневието неопходно е да се набави инвалидска чадор количка која чини навистина многу. Ве молиме да не поддржите во нашата цел и да заеднички успееме да ја оствариме предвидената цел! Бидете хумани, подајте рака на хуманоста. Ве покануваме заедно да пееме и да се смееме. Да се радуваме и да танцуваме! Во име на хуманоста, резервирајте го Вашето место, и бидете дел од големиот хуманитарен музички настан. На сцената ќе настапат голем број на музички имиња од нашата земја, кои несебично ќе му подадат рака на малиот Панче, кој има само една желба. Најсилна на свет", се вели во поканата на настанот објавена на Фејсбук.

Оваа активност се организира од страна на ЦКА–ПХВ програмата која им помага на загрозените лица ширум државата. Програмата Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст.

Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува 800 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Исто така во текот на овие обуки тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе