„На четвртата седница, Владата одлучи дека од 23 септември нема да важат мерките за превенција и заштита од коронавирусот што се однесуваат на хронично болните работници, вработените кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство и родителите на деца до десетгодишна возраст. Мерката за ослободување од работа продолжи да важи само за бремените работнички. Така, работниците со хронични заболувања што беа ослободени од работа, почнувајќи од 23 септември 2020 година се вратија на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Единствениот исклучок
предвиден во овој поглед е во однос на лицата кои имаат малигна болест и/или кај кои болеста е во фаза на влошување и кои можат да го докажат тоа со потврда со наод и мислење од лекар специјалист“, се вели во Извештајот.
Од таму додаваат дека престана да важи и мерката за продолжено породилно отсуство, па работниците што беа ослободени од работа врз оваа основа,
повторно почнаа да ги извршуваат своите работни задачи.
Оваа одлука беше донесена на владината седница и покрај тоа што само неколку дена претходно беше објавено дека Комисијата за заразни болести до Владата доставила предлог важноста на мерката за продолжено породилно отсуство да трае до крајот на годината. На своите работни места
се вратија и вработените што ја користеа мерката за ослободување на еден родител на дете до десетгодишна возраст што посетува настава на кое било ниво од воспитнообразовниот процес.
„Ваквата одлука предизвика низа реакции кај работниците што ги користеа овие
мерки. Преку организирани протести пред Владата на 17 и на 21 септември тие го искажаа своето несогласување со одлуката, апелирајќи дека ним им е потребна правна предвидливост. Претставници на Владата остварија средба со родителите, при која на барањето да се продолжи мерката за продолжено породилно отсуство од еден до два месеци за полесно приспособување на новонастанатата ситуација, родителите добија ветување дека Владата ќе покаже слух и разбирање за нивните барања. Сепак, тоа не се случи, па засегнатите родители, нивните деца, како и хронично болните работници останаа без системска заштита во поглед на справувањето со последиците предизвикани од коронавирусот“, се вели во Извештајот на Хелсиншкиот комитет.
Според Хелсиншкиот комитет за шовекови права престанаа да важат мерките за превенција и заштита од коронавирусот и од таму велат дека хронично болните оставени на (не)милост на вирусот.
Хеслиншкиот комитет го осудува и бруталното постапување на полицијата во врска со инцидентот и видеото на кое се гледа дека полицајци тепаат граѓанин. Од таму испраќаат апел за да нема дискриминација во однос на Ромите.
Во извештајот се наведува дека се неопходни итни мерки за справување со говорот на омраза.