На состанокот, на кој се зборуваше и за институционална и ефикасна заштита на работничките права, особено во услови на КОВИД-19, присуствуваше и директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.
„Работничките права и законите кои нив ги регулираат мора да се почитуваат и од тоа нема отстапување. Постојано сме во директна комуникација со Здружението „Гласен текстилец", со претставниците за синдикатите и ги охрабруваме работниците секое непочитување на нивните права да го пријават до надлежните институции. Само на тој начин можеме ефикасно и одговорно да постапуваме“, рече министерката Шахпаска.
Соговорничките се согласија дека е постигнат значаен напредок во заштитата на правата на работниците, но дека на ова поле има уште простор за работа, особено е неопходно да се охрабрат работниците да го кренат својот глас секогаш кога се прекршени нивните права.
„Изедначувањето на минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, како и во индустријата со обувки со останатите сектори што го постигнавме како Влада е од исклучително значење. Минималната плата изминатиот период од 9.000 денари се покачи на 14.900 денари, а тенденцијата е да расте, веднаш откако ќе биде надмината кризата што ја наметна пандемијата ковид-19“, нагласи Шахпаска.