„Се продава земјиштето на некогашното Преспанско Езеро“, креативна акција

„НАСКОРО: Плацот ќе биде на продажба. Оваа атрактивна локација, распространета на 276.40 km2, каде некогаш постоеше езеро, нуди оптимални услови за економски развој и копнен туризам", гласи пораката испишана на триесеттина табли кои беа поставени долж крајбрежјето на Преспа, како  дел од еколошката креативна акција „Залезот на Преспанското Езеро" на активистите од клубот Артивизам на Младинскиот образовен форум (МОФ).

На таблите како сопственик на плацот е наведено Министерството за животна средина и просторно планирање, а од активистите се нагласува дека таблите со пораките за продажба на плацот се поставени таму каде што „порано" постоело Преспанското Езеро.

Активистите сметаат дека Преспанското Езеро е на опасност од исчезнување, како и дека инсистуциите треба да преземат акција за да спречат еколошка катастрофа.

„Преспанското Езеро го живее својот залез поради климатските промени, човечкото загадување и злоупотреба на водата за наводнување. Во 2020 беше забележано најголемото опаѓање на нивото на водата на езерото, а беа потребни 12 години за оваа година за прв пат да се сретнат земјите кои ја делат езерската територија – Македонија, Грција и Албанија", велат активистите.

Тие посочуваат дека усвоените акциските планови за спас на Преспанското езеро не треба да бидат само декларативни, туку дека се потребни и дела.

„Потребна е итна акција и преземање на мерки од страна на надлежните институции на сите три земји кои ја делат територијата на Езерото – Македонија, Албанија и Грција. Локалната самоуправа истакна дека не е реализирана ниту една од мерките за спас на Езерото предвидена во Акциските планови за заштита и одржлив развој на подрачјето 'Преспа парк' во периодот од 2022 до 2024 година, а климатското затоплување ја намалува надежта за снежни зими и природно полнење на езерото", сметаат активистите.

Младинскиот образовен форум разговараше и со средношколците од средното училиште „Цар Самуил" во Ресен, кои велат дека веќе ја губат волјата да го посетуваат Езерото, иако тоа е најголемата атракција за нив.

„Кога доаѓа лето и нема што да правиме, одиме на Езерото и секоја година забележуваме дека тоа е сè подалеку и подалеку. Станува сè понечисто и понечисто. Ни се губи волјата да го посетуваме тоа место", велат тие.

Средношколците ни кажаа дека според нив, сите жители придонесуваат за загадувањето на езерото.

„Ако не се грижи еден, никој не се грижи", истакнуваа тие.

Со нив успеавме да поразговараме и за еко-акцијата, како и за нивната идна вклученост во еко-акциите за заштита на животната средина.

„Изгледа јако, ако таблите издржат 15 дена ќе биде супер", нагласија средношколците.

Со еко-акцијата „Залезот на Преспанското Езеро", активистите од МОФ целат да ги алармираат надлежните институции, но и да ја зголемат свеста на локалното население кое ги злоупотребува водите на езерото за наводнување на почвата.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе