Се евакуираат жители од село Лажани поради поплави

Во село Лажани општина Долнени, поплавени се 50 куќи, откако пороен дожд вечерва го зафати Пелагонискиот регион.

Градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески за МИА изјави дека повредени нема и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река.

-Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи, рече градоначалникот.
Информира дека има евакуирани граѓани, и тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели.

Во моментот на терен се наоѓат екипи на Центарот за управување со кризи, противпожарни возила, како и граѓани кои со трактори кои им помагаат на екипите.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе