СДСМ: Нашите мерки го зголемија приходот на најсиромашните за 138 отсто

СДСМ како одговорна партија континуирано, се грижи за сите граѓани, а особено за најсиромашните, ранливите категории на граѓани. Анализите на Фајнанс тинк, покажуваат дека приходот на најсиромашните домаќинства во земјата за една деценија пораснал за 138 отсто. Зголемувањето на годишниот приход на најсиромашните домаќинства од 60.000 денари во 2010 година на 160.000 денари во 2020 година се должи на мерките и политиките што ги спроведува Владата предводена од СДСМ, соопшти партијата.

„Минималната плата од под 9.000 денари двојно ја зголемивме на 18.000 денари, просечната плата го надмина предизборното ветување на СДСМ и се искачи на над 30.000 денари. 

Во изминатите години се покачија платите на наставниците, вработените во здравството, социјалната заштита, во градинките, полицијата, културата, во високото образование. 

Истовремено континуирано на историски ниски стапки се намалува невработеноста. Во првиот квартал од оваа година се намали на 14,8 отсто.

Оперативниот план за активни мерки за вработување за кој се предвидени околу 30 милиони евра, само оваа година ќе опфати околу 15.000 невработени лица. 

Растат и ќе продолжат да растат пензиите, кои според новата методологија, никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја и ќе се усогласуваат со растот на минималната плата и со зголемувањето на трошоците за живот.

Владата и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, секој расположлив денар го насочува кон подобрување на животниот стандард на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе