Сашо Мијалков е заразен со коронавирусот

Рочиштата за предметот „Тврдина-Таргет”, во следните 20 дена нема да се одржат. Ова произлегува од вечерашната вест дека обвинетиот во овој случај Сашо Мијалков, е позитивен на Ковид-19, па според протоколите терапијата за коронавирусот трае минимум 20 дена.

„Максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но за жал добив резултат кој вели дека сум позитивен на Ковид 19. Ова е борба со непријател кој не ни е целосно познат, но нема предавање.  Чувајте се и внимавајте на себе и блиските“, напиша на својот  профил на ФБ поранешниот директор на УБК Мијалков.

Денешното рочиште за случајот со масовното прислушување не се одржа бидејќи обвинетиот Мијалков, не присуствуваше заради покачена температура и кашлица. Освен во овој случај Мијалков, како обвинет се води и во предметот „Тортура”.

На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци-оштетени.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе