Олдајмери во служба на битката со огнената стихија

Руски џипови стари над 60 години се качуваат по планините кон пожарите

Вчерашното јавување на екипа на ТВ Телма од терените зафатени со пожарите покажа дека не само што во функција уште има ФАП - пожарни камиони стари повеќе од половина век, туку и дека по најнепристапните планински терени се качуваат стари руски џипови произведени пред најмалку 60 години. Екипата на Телма, како што можеше да се види од репортажата, на теренот пристигна со таков стар руски „ГАЗ“ џип, откако долу во селото го остави aвтомобилот. Овие џипови беа незаменливи во употреба на нашите локални институции пред појавата на „Лада нива“.

Инаку, гасењето на пожарот на граничниот премин Богородица потврди дека од употреба не се исфрлени ниту најстарите модели на југословенски камиони. И така ќе биде додека возниот парк по општините не биде заменет со нови противпожарни, амбулантни и друг вид возила неопходни за спасување на луѓе и материјални добра.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе