РСБСП обезбеди 15 мотоцикли со комплет опрема за МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска, на која беа договорени деталите за примопредавање на опремата што РСБСП ја обезбеди за надлежните сообраќајни единици во МВР.

РСБСП годинава обезбеди 15 моторцикли со комплет опрема.

Од МВР информираат дека со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет секоја година 30 отсто од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.

Министерот Спасовски на средбата изразил задоволство од досегашната соработка со РСБСП со надеж дека истата и во наредниов период ќе биде интензивирана. Кожуваровска посочила дека соработката на РСБСП и МВР се реализира на високо ниво, потенцирајки дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет и дека со заедничка соработка и со комбинација од превентивни и репресивни мерки се придонесува за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди.

Кожуваровска во име на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му додели плакета за успешната соработка и поддршка во работењето на РСБСП и унапредувањето на безбедноста на патниот сообраќај.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе