Годишна донација за подобрување на контролата на сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му даде на МВР 15 мотоцикли

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) континуирано на за сообраќајната полиција набавува нова опрема за унапредување на контрола на патниот сообраќај, а годинава поддршката кон МВР се состои од 15 моторцикли комплетно опремени во вредност од над 7 милиони денари.

„Соработката меѓу РСБСП и МВР е наша заедничка цел и наша законска обврска. Едукативно превентивните кампањи кои заеднички ги реализиравме во изминатиот период поддржани со засилени контролу од страна сообраќајната полиција, придонесоа за намалување на бројот на сообраќајните незгоди во 2020 година", рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска

Кожуваровска додаде дека примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полиција.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека безбедноста во собраќај е важен приоритет.

„Изминативе месеци докажавме дека е можно намалување на бројот на собраќајни негзоди и подигнување на ниво на сообраќајна култура во сите учесници на сообраќајот. Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, РСБСП секоја година 30 отсто од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлжната организациска единица во МВР, која врши конторла и регулирање на сообраќајот на патиштата", рече Спасовски.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе