Рано утрово регистрирани се неколку земјотреси во Маврово

Неколку земјотреси рано утрово се регистрирани во мавровскиот регион. Најсилниот досега беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Сите земјотреси беа со епицентар во Маврово на 1 или 2 километри длабочина.

Лани на 11 ноември беше регистриран досега најсилниот земјотрес во овој регион од 4,9 степени. На 22 декември 2020 беше почувствуван уште еден земјотрес, со јачина од 3,3 степени и епицентар кај мавровското село Леуново.

И на 5 јануари во 5,07 часот во Маврово повторно беше регистриран земјотрес, овојпат од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, 20 километри југозападно од Гостивар.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе