Протест на лекари од „8-ми Септември“: Не е вреднуван нашиот труд во борбата со ковид-19

Докторите од „8-ми Септември" излегоа на протест, затоа што не било исполнето она што им било ветено. Докторите изразуваат револт од неисполнетите ветувања за зголемување на нивните плати и вреднувањето на трудот, пренесува 360 Степени. 

Тие бараат „8-ми Септември" да има статус на клиника, да добијат инфективен додаток за лекувањето на ковид-пациенти, како и да им се зголеми процентот на додатоците за дежурства на исто ниво како на нивните колеги вработени во клиничките болници.

Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток, вели во изјава за „360 Степени“, д-р Петар Атанасовски.

„Белите мантили" порачаа дека ова иако не е прв протест, е прв успешен, бидејќи претходните обиди за протести биле „задушени" со ветувања дека нивните барања ќе бидат исполнети. Но, досега ништо од тоа не се реализирало.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе