Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во некои делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според УХМР, утре претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени. мч

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе