Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. Утре на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, кој ќе биде позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе се искачат над 20-тиот степен.