Време

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 17, Битола18, Крива Паланка и Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 23.

Временската прогноза за утре е променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Дневните температури ќе се движат од 15 до 25 степени.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе