Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. В недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд, над 40 литри на метар квадратен и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час.
Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.