Во Скопје, слично време, умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.
Локални врнежи од снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.
Од понеделник се најавува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.