Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 7 степени. Маврово 2, Охрид 8, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 11.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.