Време

Променливо и облачно време, со слаби локални врнежи од дожд

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 21 степен: Скопје и Битола 16, Маврово 11, Охрид 15, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 19, Дојран 21.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните и североисточните делови ќе биде значителна облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе бидат од 10 до 22 Целзиусови степени.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе