Продолжува кризната состојба заради недостиг на електрична и топлинска енергија

На денешното продолжение на 86-тата седница, Собранието изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „за", ниту еден „против" и ниту еден „воздржан" беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за", ниту еден „против" и ниту еден „воздржан", беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Денеска не беше отворен претрес за третата и четвртата точка од дневниот ред на 86-тата седница – Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, поради тоа што матичните комисии се уште ги немаат разгледано тие предлози. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе