Време

Претпладне сончево, попладне облачно

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, особено во северните и североисточните делови облачноста значително ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 9, а дневната од 12 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени. Маврово 12, Охрид 17, Битола 18, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 21, Дојран 23.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе