Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. 

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 32, Дојран 34.

Утре времето ќе биде променливо облачно, во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степен. 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе