Време

Претпладне сончево, попладне локален дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе