Време

Претпладне сончево, попладне дожд, од утре потопло

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 22 степени.

Во Маврово 14, Охрид 18, Битола 22, Крива Паланка 18, Берово 17, Кавадарци 24, Дојран 25.

Од среда следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе