Дневните температури во Скопје ќе достигнат 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 31, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 34.
Утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.