Во Скопје, претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 16, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 17, Кавадарци 22, Дојран 23.
Утре и в понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.