Време

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне прво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја на земјава ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, а во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Максилната температура ќе достигне до 23 степени.

Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат. 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе