Време

Претпладне облачно, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура во Скопје ќе биде 22 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид и Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 22, Кавадарци 25, Дојран 26.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 23 степени.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе