Време

Претпладне магла по котлините и облачно, попладне сончеви периоди

Времето претпладне во земјава ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 13 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 степени. Маврово 13, Охрид 16, Крива Паланка 18, Битола и Берово 17, Кавадарци 19, Дојран 22.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе