Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами.
„Студентите се наши деца и тие имаат право на глас. Студентите се иднината на оваа држава.Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард. “, пишува во објавата.