Влада

Правните и физичките лица можат за извезуваат 70 отсто од брашното, а 30 отсто да биде за домашниот пазар

Владата вечерва на седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, со која на правните и физичките лица кои се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец да може во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец, да ја извезуваат, а 30 отсто да остане за потребите на домашниот пазар.

Ваквото ограничување, како што информираат од Владата, ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.

Извозникот на брашно од пченица и наполица е должен пред да поднесе барање за издавање на дозвола, во Министерството за економија ќе треба да достави доказ (финансова материјална картичка) за вкупно произведената количина и продадената количина на домашниот пазар на брашно од пченица и наполица

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе