Пожарот во Прешево се гледа и во Куманово

Пожарот што вчера попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово. Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума. 

Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население. Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението.

Пожарот е видлив од граничниот премин Табановце, а густиот облак од црн чад можат да го видат и граѓаните на Куманово.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе