Пожарот во Беровско и понатаму се гасне

Пожарот во Беровско и понатаму се гасне, а пожарникарите и луѓето од Берово што учествуваат во неговото гаснење ќе останат на терен сѐ до негово целосно локализирање. Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица од Берово, информираше дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка.

Фото: ЕПА

„Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен, од каде што хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција“, вели Руменовски.

Додава дека од утрово контролата за справувањето со огнената стихија ја презел Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи.
 
Според проценките на ТППЕ Берово, досега од пожарот е зафатена високостеблеста дабова и букова шума со површина од 50 хектари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе