Пожар во Берово

Во беровскиот регион повторно горат шумите. Вчера гореше сува трева, а попладнево пожарот се проширил во мешаната шума од бука и даб и во моментов е надвор од контрола. Како и лани година гори шума во планински непристапен терен.

Во беровскиот регион испратен е армиски хеликоптер, Гори шумата меѓу селата Митрашинци и Будинарци. Утре во гаснењето на пожарот ќе се вклучат и полициски хеликоптер и авион за гаснење пожари ЕР-трактор.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, вели дека сите институции се ангажирани во гаснењето на овој голем пожар и во моментов со помош на дрон ќе направат снимка и проценка на тоа каде и во кој правец се движи огнената стихија. Тој ги повика и мештаните да се мобилизираат.

Има индиции дека пожарот е подметнат. Инспектор за пожари е веќе на терен.

Во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион бидејќи огнената стихија е во планинскиот предел.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе