Временска прогноза

Повремен дожд со утрински температури над нулата во цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска прогнозира облачно време со локален дожд и утрински температури над нула степени во целата земја. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Сонцето во Скопје изгрева во 6.45 часот, а ќе зајде во 16.03 часот. Денов трае 9 часа 17 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 2.45 минути.

Според прогнозата, и во Скопје ќе има услови за повремен слаб дожд, со умерен, повремено засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе се засилува. Слично време се предвидува и  долж Повардарието.

Температурите ќе се движат од 2 степени наутро во мавроскиот крај, 4 во пелагонискиот и беровскиот регион, 6 во скоспката котлина, до 8 степени во појужниот дел од повардарието и 9 степени на југоистокот од земјата.

Максималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, во скопскиот регион до 9 степени.

Слични „благи“ темпетарури за овој дел од годината се очекуваат и од понеделник до среда, со тоа што според прогнозата нема да има врнежи.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе