Попладне на места е можно невреме

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме. УХМР прогнозира дека под влијание на влажен бран во петок и во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 литри на метар квадратен) и значителен пад на температурата.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер.

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 21 степен, а максималната од 21 до 32 степени

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе