Помор на риби во река Кумановка

По пријавата од рибари дека има помор на риби под т.н. Искрин мост во Kумановско, Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор, во пречистителната станица во Доброшане.

„Во недела 31 јули по добивање на известување од рибари од Куманово за помор на риби долж река Кумановка влив со река Пчиња извршен е вонреден инспекциски надзор од Државен инспектор за животна средина. Надзорот продолжува во понеделник 1 август“, соопштија од инспекторатот.

Оттаму најавуваат дека утре ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во општина Старо Нагоричане, бидејќи граѓаните на социјалните мрежи алармираа дека се испушта одредена течност во реката Пчиња кај село Драгоманце, по што бојата на водата се менува во виолетова.

„Утре ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во Општина Старо Нагоричане во соработка со овластен инспектор за животна средина согласно надлежноста, кај правен субјект за обработка на печурки, цвекло и друг зеленчук поради основано сомневање за деградација на река Пчиња кај Драгоманце со отпадни води од технолошки процес, врз основа на добиени информации преку социјални мрежи“, објавија од инспекторатот за животна средина.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе