Вечерва

Полицијата влезе во „Беса транс“, се собираат документи за истрагата со несреќата во која загинаа 45 патници

Полициски служби и инспектори вечерва влегоа во седиштето на „Беса Транс“ во Скопје. Се собираат дополнителни документи потребни во истрагата за несреќата. Во несреќата со овој автобус пред 3 дена кај „Струма“ загинаа 45 патници, а 7 преживеаја. 

Фото: Принтскрин од ТВ21

Вечерва на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека МВР постапува по наредби дадени од Обвинителството, но не прецизираше за што точно имаат наредби во интерес на истрагата. 

На прашањето каде се сопствениците на „Беса транс", компанијата чиј автобус изгоре во трагична автобуска несреќа во Бугарија, министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека тие се достапни и дека со нив се раговара, но не одговори каде се.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дополни дека автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 патници,за превоз на патници користел неважечки извод од друг автобус. 

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: Принтскрин од ТВ21

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе