Дојде и до блиски контакти со неколку учесници во карневалската поворка.
Дел од граѓаните реагираа дека полицијата нема право да ја прекине нивната традиција, а дел од нив, покриени со маски подготвени за карневалот, правеа пародија на носила носејќи лица од карневалската поворка како да се повредени од полицијата.
Општина Вевчани уште минатата недела соопшти дека нема да организира карневалски настани, но и дека нема моќ да сречи излегување на луѓе за Василица.