Случајот се расчистува

Полицајци тепаат човек, МВР вели дека е утврден нивниот идентитет (ВИДЕО)

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана. Ова го соопштија од МВР откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како униформирани полициски службеници тепаат маж. 

На социјалните мрежи имаше жестоки реакции по објавеното видео и се бараше МВР да постапи и да ги открие полицајците кои буквално го клоцаат човекот додека тој лежи на земја. 

Според она што е напишано на социјалните мрежи се работи за припадник на ромската етничка заедница и се бара одговорност од полицајците за бруталното постапување кон човекот. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе