По трагедијата кај „Сити мол“

Погребана девојката од Радовиш, момчето што ја прегази е во притвор

Семејството, роднините, другарките и другарите и граѓани на Радовиш се простија денеска од 24-годишната Викторија Николова која животот го загуби прексиноќа кај Сити мол во Скопје, кога во неа на пешачки премин удри 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје. Момчето на Викторија во несреќата помина со полесни повреди, но со психички трауми. Ј.Ѓ.  е во притвор, а неговиот адвокат најави жалба.

Адвокатот Душко Јанковиќ за медиумите изјави дека момчето по ударот во девојката, останал во автомобилот затоа што бил во шок поради што му биле одземени нозете. Дека бил во шок било потврдено и при медицинскиот преглед, а како што рече, и натаму е во тешка психичка состојба.

Според адвокатот, обвинителството не морало да бара активен притвор, туку судската одлука можела да помине и со домашен притвор, имајќи предвид, како што рече, дека се работи навистина за многу младо момче кое не би влијаело врз сведоците од трагичниот настан.

Јанковиќ вели дека момчето всушност, веќе има добиено доживотна казна, зашто трагедијата ќе го следи секогаш. Тој вели дека ќе треба да се испитаат сите околности, бидејќи се чини дека не возел побрзо од 50 километри на час, за што потврда може да биде неактивирањето на воздушните перничиња во возилото.

Таткото на момчето на девојката која го загуби животот, најави правна битка, велејќи дека е убиена неговата Викторија и имало обид за убиство на неговиот син.

Во моемнтот на несреќата семафорите на булеварот биле во трепкачка позиција.

Граѓаните постојано се жалат дека на булеварот „Партизански одреди“ се вози брзо и дека мора да се воведат почести сообраќајни контроли. Според последните законски измени, брзината на возење во градски услови е ограничена на 50 километри на час.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе