Успешно завршен проект

„Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“

Националната Установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид" соопшти дека како носител на проектот имапе за цел да се рекогносцираат локациите за кои постоеја индиции за археолошки локалитети и поединечни наоди, да се дефинираат нивните граници, да се позицинира нивната географска местоположба со помош на GPS уреди, но и да се откријат нови локалитети и тие да се запишуват во националниот регистар на културното наследство.

Кон крајот на месец oктомври успешно беше реализиран Проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро" чиј носител беше НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид. Целта на проектот беше да се рекогносцираат локациите за кои постоеја индиции за археолошки локалитети и поединечни наоди, да се дефинираат нивните граници, да се позицинира нивната географска местоположба со помош на GPS уреди, но и да се откријат нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство.

Раководител на проектот, археологот и виш кустос Бојан Танески вели дека потребата за проект од овој тип произлезе од интересот на домашни и странски гости за авантуристички туризам, односно преку нуркачки активности да се посетуваат атрактивни локации во водите на Охридското Езеро. Проектот имаше и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности.

Покрај рекогносцираните делови кај с. Пештани и с. Трпејца, посебно внимание привлекоа наодите на две локации во околината на локалитетот Плоча Миќов град, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба - питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и 5 м под површината на водата, а во вториот случај тоа е наодот на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 м. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 - 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.

Ова рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес, вели Танески.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе